Денеска во претпладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од таму велат дека жена движејќи се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв.
Жената се здобила со посериозни повреди односно со прелом на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до Ургентен центар.
„Апелираме на внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари“, велат од ЦУК.