Лавров со критики кон САД

by Fokus

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

– Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги охрабри властите во Киев. Западот ја охрабрува Украина да го саботира Договорот од Минск, со цел „проблемот Донбас“ да ги реши со сила, посочи Лавров.

Поврзани новости