Информациите за напад шират паника, смета Зеленски

by Fokus

Додека се поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се шири паника.

Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците, истакна Зеленски.

Тој додаде дека „паниката е најдобар пријател на нашите непријатели“.

– И сите тие информации (за напад) само предизвикуваат паника и не помагаат, посочи Зеленски.

Поврзани новости