Неофицијално: Газда на менувачница ги убил двајцата разбојници за да се спаси

by fokus

Попладнево се случило двојно убиство во менувачница, откако двајца разбојници влегле да ја ограбуваат. Како што неофицијално дознава „Фокус“, газдата на менувачницата во самоодбрана пукал во двајцата разбојници.

Откако разбојниците влегле во менувачницата, го удриле газдата со кундак, по што тој пукал во двајцата. Се уште нема информации дали газдата имал пиштол или пак им го одземал на крадците и со него пукал.

Поврзани новости