Нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните, рече Мицотакис

by fokus

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, упати остри критики до Алексис Ципрас затоа што пред да ги започне разговорите за името со Македонија, не ги информирал ниту политичките партии, ниту Парламентот, ниту грчкиот народ. Тој оцени дека Ципрас во преговорите влегол без воопшто да обезбеди поддршка од неговиот коалиционен партнер, а најлошо од сѐ, ги поделил Грците.

– Прашањето со Скопје не е само едно прашање во надворешната политика. Се однесува на нашата национална свест, на нашата историја и на крај и на самиот идентитет на Грците. Го повторувам она што го кажав пред неколку дена – Нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните, рече Мицотакис.

Тој додаде дека Ципрас решил да чекори сам и му порача сега да не бара алиби или соучесници.

Поврзани новости