Неисправни 18 автобуси и други возила за јавен превоз во Кичево

by Fokus 18:08
18:08

Во акциската контрола на автобуси и други возила кои вршат јавен превоз во Кичево, констатирано е дека 18 превозни средства се неисправни и се испратени на технички преглед.

Акцијата е спроведена вчера од 8 до 12 часот на подрачјето на ОВР Кичево, а откриени се и други прекршоци.

- Advertisements -

-Против правните и физички лица, сопствениците на автобуси каде се констатирани пропусти ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.

Поврзани новости