Неготинец удрил полицаец

by fokus

Дваесет и двегодишно момче од Неготино нападнал полицаец, откако претходно било пријавен за насилство.

-На 27.01.2018 година по претходно добиена поплака од А.К. од Неготино против П.Ц.(22), полициски службеници од Полициска станица Неготино се упатиле во објект на бензинска пумпа „Џед-Оил“, каде се наоѓал П.Ц., кој кога ги видел почнал да упатува закани и во еден момент го фатил едниот полициски службеник за елекот од униформата, го повлекол кон себе и го удрил. П.Ц. е приведен и задржан во Полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР.

Поврзани новости