Скопјанец тепал куче, а ги нападнал и луѓето кои се обиделе да го спречат

by fokus

Скопјанец вчера нападнал куче, удирајќи го, при што девојка и момче се обиделе да го спречат но тој ги нападнал и нив.

-На 27.01.2018 година во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од страна на С.М.(59), кој удрил куче пред влез на зграда на бул. „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М. Имено, С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал. Во еден момент и С.М. и З.Р. паднале на плочникот. Полициски службеници излегле на лице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости