Не се знае колку жени славеле 8 Март надвор од Македонија

by fokus

И покрај препораките и мерките за спречување на ширење на корона вирусот, многу жени од Македонија заминаа на прослава на 8 Март надвор од земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска порача дека нема сознанија за колкав број на жени станува збор.

„Се обидев да дојдам до информација, но не успеав да добијам“, кратко посочи Филипче.

На друго прашање од новинарите за негов став и дали ќе има санкции за „Нехар Турс“ туристичката агенција каде што луѓето беа „приморани“ да патуваат за Црна Гора, тој рече дека најпрво мора да провери па ќе даде известување.

Поврзани новости