Фото: Џамиите полни, верниците еден до друг на петочна молитва

by fokus

И покрај забраната за јавни и приватни собири џамиите и црквите сепак засега остануваат отворени, а верниците од муслиманска вероисповед денеска не ја пропуштија петочната молитва.

Во џамијата во старата скопка чаршиоја можеше да се залежат голем број верници на едно место кои се молеа еден до друг, без препорачаното растојание меѓу себе од метар и половина или два метра.

И покрај затворањето на концерти, театри, кина спортски сали верските објекти остануваат отворени, но министерот за здравство досега им има порачано дека да се придржуваат до мерките и да не ги повикуваат верниците на миси и молитви.

По прогласувањето на пандемијата Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија повика на почитување на мерките пропишани од страна на Министерството за здравство. Оттаму апелираат во парохиските храмови и манастирите во кои има редовни посети и континуиран богослужбен живот, да се зголеми досегашното редовно одржување на хигиената.

За муслиманските верници досега е кажано сами да одлучат дали ќе одат на молитва во џамија или таа ќе ја вршат дома. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија, а другите да ги реализираат во своите домови.

Сепак рече дека никој не треба да се гржи дека во џамиите може да се прошири вирусот бидејќи овие верски објекти секојдневно се дезинфицираат.

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости