Не им се допаѓа начинот на кој преговара Коѕијас: Имаме три куршуми за тебе

by fokus

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, вчера добил заканувачко писмо со текст „Имаме три куршуми за тебе“.

Министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас,  за грчката телевизија „Антена“ изјави дека анонимниот допис е предаден до надлежните полициски служби за пронаоѓање на оние што го испратиле. Тој додаде дека ваквите постапки се само затоа што некому не му се допаѓа начинот на кој се преговара.

-Мислам дека не треба да коментираме колку е опасно тоа да се праќаат дописи до оние што се обидуваат да ги решат на чесен начин проблемите затоа што не им се допаѓа начинот на кој се водат преговорите, рече Тоскас.

Поврзани новости