Судот го прифати барањето на Касами за преместување на седиштето на Беса

by fokus

Основниот Суд Скопје 2 го прифати барањето на крилото на Билал Касами за преместување на седиштето на партијата. Во документот што го обезбеди Алсат М, седиштето на Движењето Беса официјално се преместува на друга локација во општина Чаир во Скопје.

Другото крило на овој субјект продолжува со работа во поранешните канцеларии на партијата. Поделбите во Движењето Беса дојдоа по разрешувањето на Билал Касами, по состанокот одржан од страна на скопското крило.

Нови случувања за надминување на внатрепартиските судири нема, но партијата се подготвува за првиот Конгрес на 24 февруари.

Поврзани новости