Македонците и Албанците повеќе нема да учат во различни училишни згради

by fokus

Стратегијата за образование 2018-2025 која беше усвоена во вторникот на седница на Владата предвидува елементи за запознавање на различностите, мултиетничката компонента ќе биде внесена и во учебниците, и во наставните планови, а за градење соживот ќе се обезбедуваат и просторни услови, односно сите ученици да учат во исти училишни згради, откри денеска министерката за образование, Рената Дескоска.

-Во некои општини, на пример во Тетово и Куманово, ученици на македонски јазик учат во една зграда, а ученици кои учат на албански јазик учат во друга зграда. Тие се физички одвоени, што не е добра пракса. Правиме напори со градоначалниците да се обезбедат сите проектни документации и дозволи за градба со цел да ги срушиме прво тие физички бариери. Да се види дека кога учат заедно, во едно училиште, тоа може да биде позитивно, а не извор на тензии и конфликти, рече министерката за образование.

Покрај меѓуетничката интеграција, Стратегијата за образование има активности кои ги опфаќаат сите компоненти на образовниот процес – предучилишно, основно, средно, високо образование и доживотно учење, кои се структурирани во периодот од 2018 до 2025.

Поврзани новости