Не би час а Германија и ЕУ го поздравија потпишувањето на договор меѓу Македонија и Бугарија

by fokus

Само половина час по потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го поздрави ваквиот чин.

„Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија денеска потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу фактот што по многугодишни преговори кои не носеа резултат, сега се успеа во пронаоѓањето спогодбено решение за отворените прашања. Со тоа двете земји испраќаат важен сигнал за успешна билатерална и регионална соработка на Балканот и за натамошна евроатлантска интеграција на ПЈР Македонија.

Тој посочува дека е за одбележување тоа што потпишувањето на договорот се случува помалку од два месеца по стапувањето на должност на новата македонска влада.

Поздрави испрати и Европската унија преку Федерика Могерини и Јоханес Хан.

“Овој договор ја покажува определбата на двете страни да ги надминат билатералните проблеми и тој е инспирација за целиот регион. Ова е позитивен чекор кон добрососедство и поттик за ЕУ перспективата на поранешната југословенска Република Македонија и е во интерес на нејзините граѓани”, велат шефицата на ЕУ дипломатијата Могерини и комесарот Хан.

 

Поврзани новости