Таравари планира смена на околу 50 директори во здравството

by fokus

Наспроти најавите на заменик министерот за смена на над 30 директори, првиот човек на македонското здравство, Арбен Таравари, денеска објави имиња на само четири нови директори. Со Општата болница во Прилеп од сега ќе раководи, Илија Јовановски, , а за директор на Општата болница Струмица е назначен Наќе Гогов. На Специјалната болница за белодробни заболувања Лешок директор ќе биде Исмаил Вахити. Назначен е и нов раководител на Ортопедија – Виктор Камнар.

Министерот посочи дека не брзаат со смена на директорите, со цел да се најдат квалитетни кадри кои ќе бидат прифатени од персоналот.

– Партиската припадност е интимна работа. Гледаме да бидат луѓе кои вредат – рече Таравари.

Не ги коментираше шпекулациите во јавноста се разрешувања на дел од директорите. Изјави дека се уште размислува дали да го разреши и директорот на Инфективната клиника, Звонко Миленковиќ, со кого заедно денеска ја одржа прес-конференцијата.

Најави дека неделава Владата ќе назначи нов директор на Фондот на здравствено осигурување.

Поврзани новости