НДМ: УБК е кираџиска тезга, во МВР е хаос

by Fokus 15:35
15:35

Македонија на колена -тајната полиција е сведена на класична кираџиска тезга иако станува збор за клучниот безбедносен орган во државата, во МВР хаос и безвластие, Димитриев безгласна буква, Иванов со сомнителна способност за водење на државата, реагираше денеска на прес-конференција Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ.

– Поминаа три дена од скандалозната информација дека системот за прислушкување на македонската тајна полиција, во кој се наоѓаат податоци од витално значење за националната безбедност, не е во нејзина сопственост. Поточно, според нашите информации, системот за прислушкување во кој се слеваат информациите од витален интерес за земјата бил под закуп од фирмата „Ериксон“. Како и да е. Скандалозно! – истакна Тодоров.

- Advertisements -

Според него, ова е голем срам за Македонија во очите на странските држави и нивните служби, бидејќи не постои држава во која системот за прислушкување е во сопственост на приватна фирма и уште од странство.

Тој вели дека судирот на релација СЈО-УБК откри уште најмалку уште две непријатни работи.

– Прво, специјалното обвинителство ги побара сите податоци од периодот 2008 до 31.12.2015, а од раководни лица во МВР беше одговорено дека за бараниот период од 2008 до 2015 сеуште има активни мерки за прислушкување кои треба да се одвојат. Ова е тешко прекршување на човековите права бидејќи според правилата УБК може против едно лице да презема оперативно-техничко средство-прислушкување во период од 1 година кое завршува или со кривична пријава или лицето се тргнува од машината за прислушкување ако не се добијат податоци за негово противзаконско дејствување. Второ, и најопасно. Четири дена народот со неверување гледа шокантни слики во МВР на релација СЈО – УБК од кои произлегува дека Македонија го губи статусот на држава – истакнуваат од НДМ.

Тодоров истакна дека однсувањето на актуелната власт се заканува да ја урниса државата.

 

Поврзани новости