Алаѓозовски: Наместо револуционерите заслужни за македонската држава, во Музеите на ВМРО ги натокмија Хитлер и нацистичкиот соработник Ванчо Михајлов

by Fokus

Груевски реши македонската борба да ја слави преку преплатени чудовишни градби како оваа Порта во центарот на Скопје којашто однесе 6 милиони и 250 илјади евра! Или како Музејот на ВМРО со восочни фигури на контроверзни историски личности, за што непатриотски одзедоа 17 милиони евра народни пари! Ова денеска на прес-конференција пред Триумфалната капија го истакна Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Тој тврди дека таа е симбол на лажниот патриотизам на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

–  Наместо револуционерите заслужни за македонската држава, во Музеите на ВМРО ги натокмија Хитлер и нацистичкиот соработник Ванчо Михајлов. Криминално трошење на Груевски и испревртената историја на ВМРО-ДПМНЕ немаат ништо заедничко со идеалите на Гоце Делчев и историското ВМРО. Напротив, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги осиромашија граѓаните и ги поделија по сите основи – рече Алаѓозовски.

Тој потсети дека граѓаните кои масовно протестираа на улиците јасно го кажаа мислењето за квазипатриотското владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и за грабежот Скопје 2014, преку белегот што го оставија токму на оваа Триумфална капија.

Поврзани новости