Нашинец во Австралија и нуди 100.000 долари на Сузана Гавазова: Таа е македонска фолк дама!

by fokus

Сума од 100.000 долари и била понудена на популарната фолк пејачка Сузана Гавазова од страна на Македонец од Мелбурн, кој долги години живеел и работел во Австралија.
Естрадниот менаџер Стефан Ѓоргиевски за ,,Фокус” ја потврди веста за хонорарот кој бил предложен од нашинецот – бизнисмен, а кој Гавазова ќе го добиела доколку се согласила со условите за едномесечна турнеја.

-Се работи за хонорар од 100.000 долари, за одржување на едномесечна турнеја во Австралија. Нашиот бизнисмен ја понуди оваа сума за реализирање на 12 концерти ширум Австралија, плус во казина во Мелбурн, Сиднеј и Перт.

Јас заедно со менаџерот Пикси Санел бев дел од организацијата на последната австралиска турнеја на Гавазова и поминавме одлично, имаше огромен интерес и нашинците ја дочекаа Сузана како најголема музичка ѕвезда. Токму поради тоа овде ја нарекуваме Македонска фолк дама – вели Ѓоргиевски.

Додава дека моментално е на летување, но по две недели доаѓа во Македонија, и ќе ги разгледаат сите детали за понудата со Гавазова, и се надевал дека нашите иселеници повторно ќе имаат можност да уживаат во нејзините концерти во Австралија.

Инаку, Гавазова е една од најангажираните фолк пејачки во земјава. Ја започна музичката кариера пред повеќе од 20 години и во времето на најголемата популарност се омажи за Босанецот Јасмин, кого го запознала за време на своја турнеја во Шведска. Во Шведска се родија и нивните две ќерки, а потоа, пред околу пет години, целото семејство се врати во Македонија.

Сега живеат во Струмица, а по враќањето од Шведска во интервју за ,,Фокус” Сузана раскажа дека иако таму имале добар живот, на секое доаѓање во Македонија не сакале да се вратат назад, па еден ден решиле животот да го продолжат овде, во нејзиниот роден крај.

Сопругот Јасмин стекнал многу пријатели и започнал свој бизнис во Македонија, добро се прилагодил, и не ја криеше благодарноста што и е најголема поддршка во кариерата, покрај родителите и сестра и.

Вики Клинчарова

Поврзани новости