Наместо подароци за 8 март, во училиште во Карпош парите ќе бидат донирани за болните од ретки болести

by Fokus

Наставничките од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Скопје, одлучија празникот 8.Март, наместо со подароци, да го одбележат со хуманитарна донација за заболените од ретката болест Вилсон.

Наставничките писмено ги известија родителите, доколку мислат да одвојат пари за да им купат подароци, тие пари да ги наменат за хуманитарни цели.

„Доколку сте планирале било какви средства да одвојувате за наставничките по повод 8 Март би Ве замолиле средствата да ги уфрлите во кутија за донации за лекување на ретки болести која е поставена во училиштето како дел од хуманитарната акција која ја спроведуваат ученицитe – пишува во пораката која ја добија родителите.

Поврзани новости