Наместо да застaне со мотоцикл, го удрил полицаецот

by Fokus

Возач на моттоцикл удрил полицаец, кој се обидел да го сопре, информираат од МВР.

Според информациите од полицијата, вчера во 13.20 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, полициски службеник од Полициската станица Кочани дал знак за запирање на мотоцикл на кој се возеле две лица, но возачот не застанал, го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Поврзани новости