Во Институтот за јавно здравје два месеца немаат земено плата, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Стотина медицински лица вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) два месеца немаат земено плата, тврди Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, лицата што се најизложени во време на пандемијата остануваат без приходи и без здравствено осигурување.

„За стотина медицински лица вработени во Институтот за јавно здравје нема ниту плата ниту здравствено и пензиско осигурување за месеците март и април. Стотина вработени во Институтот за јавно здравје немаат здравствено осигурување во ек на корона. Владата и Спасовски наместо да се грижат за лекарите и пациентите ги оставаат луѓето кои се во првите борбени редови без основни средства за егзистенција. Вработените во ИЈЗ, кои се дел од целиот процес на тестирање од коронавирус и секојдневно се во служба на граѓаните во екот на најголемата здравствена криза во државата немаат ни за леб“, – истакна Костовски.

Тој обвини дека Владата троши пари за морска риба, октоподи, шкампи, скап алкохол, половина милион шолји кафе и апетисани за функционерите, но немаат за вработените медицински лица во Институтот за јавно здравје.

Поврзани новости