Најмалку 64 Палестинци убиени денес во Газа

by irena 17:35
17:35

Најмалку 64 Палестинци се убиени во Газа од почетокот на денот, објави Ал Џезира, повикувајќи се на извори од локалните болници.

Од 64 убиени, 42 лица ги загубија животите во градот Газа.

До средината на попладнето, болницата Ал Шифа пријави 17, а болницата Ал Ахли пријави 25 жртви.

Болницата Ал Насер во јужна Газа соопшти дека уште 16 лица се убиени во нападите на израелските сили.

Најновиот бран убиства, потсетува Ал Џезира, доаѓа еден ден откако генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека „размерот на смрт и уништување“ во Газа е поголем од кој било друг конфликт што го видел откако ја предводеше Светската организација.

Слични вести