Најдено е решение за водоводот во Синичане, изградбата ќе почне на крајот на месецов

by Фокус

Кон крајот на август се очекува багерите да продолжат да работат на водоводот во Синичане.

Градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили за Алсат М вели дека со владата пронашле компромисно решение заедно да го направат проектот за водоснабдување кој ќе обезбеди вода за пиење за жителите на Синичане.

-Проектот ќе биде готов во експресен рок за само две недели и потоа официјално ќе започнат градежните работи – вели Џемаили.

Во зминативе осум дена, колку што траеше тензијата на падините на Шар Планина, полицијата поднесе две кривични пријави за водоводот кој предизвика тензија помеѓу жителите на Синичане и Урвиќ околу ексклузивноста на изворите за вода за пиење.

Првата кривична е за самовластие, а втората е против градоначалникот на Боговиње за несовесно работење, бидејќи дозволил да започне изградбата на водоводот без потребната документација и дозвола за работа.

Поврзани новости