Најчевска: Очекувам Заев да ме повика за советничка за балет и не сакам ни денар помалку од Ласкова

by fokus
Универзитетската професорка Мирјана Најчевска преку својот профил на Фејсбук, порача дека во најскоро време очекува да биде повиката во кабинетот на премиерот Заев за нејзина нова функција.
„Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности.
Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.
Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.
Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.
Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на премиерот ни“, вели Најчевска.

Поврзани новости