Пендаровски за Илинден ќе се сретне со Вучиќ во „Прохор Пчињски“

by Фокус

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, утре предвидени се низа активности.

Притоа, тој ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде ќе биде пречекан од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводи претседателот Пендаровски се потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Викарен Епископ Хераклејски Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ.

Поврзани новости