На Грујевски и Бошковски во Грција ќе им се суди за лажните пасоши

by Fokus 09:06
09:06

На поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, денеска се очекува експресно да им се суди во Солун, за поседувањето лажни пасоши со кои престојувале во Грција, пренесуват грчките медиуми.

Според нивните информаци, тие во исказот даден пред грчкиот суд побрале Грција да не ги екстрадира во Македонија, бидејќи се плашеле за своите животи. Тие ги отфрлиле сите обвинувања против нив и рекле дека се жртви на политички прогон. Според бегалците барани со меѓународна потерница, биле загрозени од високи функционери во Министерството за внатрешни работи.

- Advertising -

Горан Грујевски и Никола Бошковски се криеле под идентитетите, Христо Атанaсов и Неџби Хасан, а со фалсификувани бугарски пасоши сакале од Солун да се качат на лет за Будимпешта.

Фото: Ројтерс

Поврзани новости