ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС спроведе криминални избори за да ја ограбува државата

by Fokus

Владата на СДС спроведе криминални избори. Тоа им беше потребно за да владата на СДС и Зоран Заев продолжи да ја раскрчмува државната каса, и да ја ограбува државата, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие ги излажаа и изманипулираа граѓаните и го прекршија ветувањето кое што го даде во предизборието дека нема да ја задолжува државата. Владата на СДС се задолжи за над половина милијарда евра, односно неверојатни 540 милиони евра. За 5 месеци над половина милијарда евра. Ова е потврда дека владата на Зоран Заев е неспособна влада и не може да функционира без задолжување – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости