На Деве Баир приведено девојче

by Fokus

На Граничниот премин Деве Баир, за излез од државата вчера била приведена Н.Ј.С.К.(19) од Р.Бугарија, пренесуваат од МВР.

Како што додаваат оттаму, по извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила престојот во РСМ, согласно чл.147 ст.1 ал.2 од Законот за странци, односно престојувала повеќе од 90 дена во текот на 180 дена.

Таа била приведена и предадена на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Поврзани новости