Од дождот во Скопје се урна и потпорен ѕид во Пинтија

by Fokus

По обилните врнежи од дожд коишто денеска попладне го зафатија и Скопје, во скопската населба Пинтија се урна потпорен ѕид. Исто така беше урнато и дел од уличното осветлување на булеварот, при што за сообраќај привремено беа затворени трите коловозни ленти.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не претставува опасност при движењето на возилата.

Фото – 4 news.mk

Поврзани новости