МВР само апелира да не се објавуваат снимки од истрагата

by Фокус

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со апел да не се објавуваат снимки на сервисот Јутјуб кои се направени со посебни истражни мерки (ПИМ). Иако, објавувањето на снимки кои се дел од истрага е најстрого забрането и е тешко кривично дело, МВР досега не поведе постапка против непознат сторител. Останува нејасно како овие снимки стигнуваат до лица кои потоа ги објавуваат.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека тие постапуваат според наредбите на Јавното обвинителство.

-Се обративме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати. Но, најдобро е да си се јавите до „Јутјуб“ и да прашате. Тоа е приватна компанија и МВР нема надлежност над нив, вели Котевски.

Претходно, Јавното обвинителство му наложи на МВР да побара од Јутјуб снимките да бидат избришани, но деновиве се појавија две нови снимки од средба меѓу Заев и Груевски, за кои премиерот изјави дека се направени со посебни истражни мерки, откако тој барал да биде заштитен од, како што рече тој, уцените од лидерот на опозицијата.

Поврзани новости