Кекеновски: Во тек се разговори за враќање на темелните вредности на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Професорот Јове Кекеновски, кој го предводи Форумот на слободоумни патриоти, за телевизија Телма изјави дека во тек се разговори со поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Димитров, Владимир Лазаревиќ и Перо Димшоски, кои имаат заедничка цел, да ја заштитат партијата, како и да се врати довербата и темелните вредности.

Поранешниот заменик министер и државен секретар во Владите на Груевски, Перо Димшоски, во разговор за Телма посочил дека иницијативата била прифатена од дијаспората и меѓународните чинители кои на ова гледале позитивно и како развој на внатрепартиските дмеократски процеси.

Поранешниот пратеник од редовите на ДПМНЕ, Филип Петровски пак, смета дека Никола Димитров, Владимир Лазаревиќ и Перо Димшоски немаа капацитет, ниту поддршка да направат промени во партијата. Тој вели дека членството нема да ја прифати нивнатата иницијатива за политичка одговорност и спротивставување на актуелното политичко раководство.

Поврзани новости