МВР потврди: На Беља му било пукано во нога

by fokus

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља попладнево бил застрелан во Чаир, неофицијално потврдија од МВР.

-Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Поврзани новости