Економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља застрелан во Чаир

by fokus

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља вечерва е ранет во скопската општина Чаир, дознава Фокус. По пукањето, тој е пренесен во болница.

Беља пред неколку месеци беше поставен на функцијата од редовите на ДУИ. Тој доби публицитет во јавноста кога во 2016 година илегоа информации дека му се заканувал на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и му испратил куршум во салфетка како закана за неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд.

 

Поврзани новости