Мурињо официјално нов тренер на Реал Мадрид

by irena 21:43
21:43

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид.

Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот клуб.

„Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат пред сезонските подготовки“, се вели во соопштението на прес-службата на клубот.

„Специјалниот“ претходно го водеше мадридскиот клуб од 2010 до 2013 година.

Со клубот од шпанската престолнина, Мурињо го освои шпанското првенство и шпанскиот куп.

Слични вести