Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес во телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека е потребно дипломатско решение за конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел со Иран, како и дека обновата на воените конфликти би имала големи негативни последици за регионот на Блискиот Исток.
Калас напиша на платформата X дека разговарала со Аракчи за најновата ескалација на конфликтот на Иран со САД и Израел и напредокот на мировните преговори.
Калас изјави дека имала телефонски разговор и со кувајтскиот министер за надворешни работи, шеикот Џар Џабер ал-Ахмад ал-Сабах.
„Обновените напади врз земјите од Заливот и нивната критична инфраструктура се неприфатливи“, напиша Калас.
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека извршила напади врз 18 американски воени цели во Кувајт и Бахреин, пренесува Танјуг.