128
Хулијан Кињонес го постигна првиот гол на Светското првенство 2026 година и му донесе водство на Мексико во воведниот дуел на шампионатот против селекцијата на Јужноафриканската Република.
Веќе во деветтата минута, домаќините поведоа по грешката на ЈАР.
Топката стигна до Кињонес, кој постигна гол на прекрасен начин.
Човекот кој е најдобар стрелец во лигата на Саудиска Арабија (33 гола на 31 натпревар) стана првиот што го пронајде патот мрежата на овогодинешното Светско првенство.
На полувреме од воведниот дуел на СП 2026 Мексико има водство од 1-0 против ЈАР.