Мулачка: Се надевам дека ќе има разврска за Онкологија и дека случајот нема да заврши во фиока!

Се надевам дека на крај на вистинските виновници ќе им се знаат имињата и презимињата, рече таа во „Трилинг“.

by Фокус

Се надевам искрено дека ќе има било каква разврска, а тоа ќе им даде зрак надеж на сите пациенти кои боледуваат од таа страшна и тешка болест да се разоткрие што се случувало на клиниката години наназад, рече во гостувањето на „Трилинг“ Ирена Мулачка од „Фокус“, авторка на серијал текстови по кои е покрената предистрага за скопската Клиника за онкологија.

-Јас лично го отворив случајот и сметав дека некој од надлежните ќе реагира иако не верував дека тоа ќе се случи. За мене, а и за граѓаните беше голем шок кога упаднаа полицијата и обвинителство на клиниката. Мислам дека ЈО има доста работа. Има многу стории кои треба да се прочешлаат и истражат. Се надевам дека на крај на вистинските виновници ќе им се знаат имињата и презимињата – потенцира Мулачка.

Според неа, во овој скандал се вмешани повеќе луѓе, од секретарки до чувари и благајници.

-Се надевам дека овој случај нема да заврши во некоја фиока – заклучува таа.

Поврзани новости