Променливо време со локален дожд, температурата до 31 степен

by Fokus

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.

Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Утринските температури од 11 до 17 степени, а дневните од 22 до 31.

За време на викендот времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Поврзани новости