Му затропале на врата, влегле внатре и го ограбиле

by fokus

52-годишен скопјанец со иницијали Е.Ѓ. бил ограбен на бизарен начин од двајца крадци, кои му затропале на вратата вчера на пладне. Е.Ѓ. ја отворил вратата од својот дом на улицата „Че Гевера“ со што им овозможил пристап внатре. Тие тогаш упаднале во куќата и го ограбиле.

„Едниот физички го нападнал, додека другиот од паричникот му одзел 650 евра. Откако ги одзеле парите, лицата ја напуштиле куќата и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости