Затвореникот кој си ја потпали самицата „заработи“ кривична пријава

by fokus

Против 20-годишниот Љ.М. од Куманово, затвореник во охридскиот затвор, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Според полицијата, Љ.М. на 12-ти месецов со цигара намерно запалил кебиња и јоргани во самицата каде издржувал мерка, со што предизвикал пожар. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица.

Поврзани новости