Можен е договор помеѓу Заев и Мицкоски за користење отпечаток од прст на изборите

by Fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека верува оти по понеделничката средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, договорена синоќа, ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик, и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори. Најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите, но претходно во консултација со Комисијата за заразни болести.

-Верувам дека Собранието многу брзо ќе го стави на дневен ред за да го решиме тоа прашање затоа што имаме уште за работа во Изборниот законик, а тоа е да ги вградиме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а и да ги определиме изборните модели. Се залагаме за отворени листи за претстојните локални избори каде што граѓаните ќе може да го изберат советникот од листата на советници од секоја политичка партија. Би требало да ја отвориме и конечно да ја затвориме успешно демократизацијата на државата преку новиот модел на гласање за парламентарни избори кога и тие да се случат, рече Заев.

Поврзани новости