Маричиќ од Брисел кон дијаспората: Важно е да се попишете, треба да имаме реална слика

by Fokus

Пописот претставува можност успешно да се заврши статистичката операција која има непроценливо големо значење за развојот на државата, истакнал министерот за правда Бојан Маричиќ на средбата со претставници на дијаспората во Брисел, повикувајќи ги сите масовно да се попишат.

-На нашите иселеници тука во Белгија им посочив зошто е важно дијаспората масовно да се попише. Треба да имаме реална слика. Конечно има можност граѓаните да направат нешто директно за себе. Резултатите од пописот ќе бидат водилка при креирањето на сите развојни политики. Пописот ќе се одржи, а методологијата и начинот на спроведување на истиот е според највисоките светски стандарди и ЕВРОСТАТ, потенцирал Маричиќ.

Како што соопшти Министерството за правда, Маричиќ го пренел ставот на Владата дека пописот нема да се одложи и дека тој ќе се спроведе според највисоките стандарди. Дополнително поради пандемијата ќе бидат почитувани препораките на Комисијата за заразни болести кои ги дизајнираше токму за безбедно спроведување на статистичката операција.

Претставниците на дијаспората во Белгија на разговорот со министерот Маричиќ се интересирале за тоа како досега се одвива пописот и кога можат да се очекуваат резултатите од истиот

Поврзани новости