Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ

by fokus

Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија.

Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.

Поврзани новости