Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

by Фокус

На денешниот Петти конгрес на ДОМ, за претседател на партијата повторно и едногласно е избрана досегашната лидерка Маја Морачанин.

Морачанин нагласи дека ДОМ и во иднина ќе биде активен и конструктивен фактор во политичкиот пристап за решавање на сите општествени проблеми и прашања.

-Политиката на Зелената партија ДОМ не треба да се врзува само со еколошките теми и климата, туку и со почитувањето на човековите права, социјалните права, недискриминацијата, како и со политиките за развој на зелената економија – истакнала Морачанин.

Делегатите на конгресот (309) едногласно го избрале и новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на партијата, а биле усвоени и Извештајот за работата на ДОМ во периодот од 2018 до 2022 година, како и Предлог-програмата за работата на ДОМ во периодот до 2026 година.

Поврзани новости