МОН ќе предложи ТикТок да не се користи во училиштата

by Fokus

Министерството за образование и наука ќе ѝ предложи на владата итна проценка за тоа како социјалната мрежа Тик – Ток влејае врз безбедноста на младите.

Ова е поттикнато од случувањата во соседна Србија каде што 13-годишно дете уби девет лица, од кои осум соученици во белградската населба Врачар,Објави министерот за образование Јетон Шаќири.

-Имајќи предвид дека истите не треба да се користат во училишна средина, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, Со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот, објави министерот Шаќири

Поврзани новости