Притвор за момче кое силувало малолетна девојка од прилепско село

by Fokus

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода А.Ш.(21) од прилепско село.

Како што информира МВР, тој се сомничи дека на влезот од селото во кое живее извршил обљуба врз малолетничка.

– Тој бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а од судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информира МВР

Поврзани новости