Младо момче од Македонија се удави во Црна Гора

by Fokus

Младо момче од Македонија се удави вчера околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.

Информациите велат дека ова момче било заминато во Црна Гора да работи сезонски, а допрва ќе треба да се утврдат причините за смртта.

Од тоа што досега се знае е тоа дека на телото немало видливи траги на насилство, а ќе биде извршена обдукција, пренесуваат медиумите.

Поврзани новости