Мицкоски за Богојавление: Потребно е општествено рестартирање, да се стави крај на тонењето надолу

by Fokus 10:48
10:48

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод големиот христијански празник Богојавление Христово-Водици упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан и до сите верници кои го слават.

-На Богојавление е спознаена светата тајна крштевање, кога Исус Христос е крстен во водите на реката Јордан, од страна на Св. Јован. Тоа ја симболизира надежта и извесноста на спасението. Во овие тешки мигови за нашата земја и народ потребно е сплотеност, но и давање на надеж на секој еден човек дека може поинаку, мора подобро. Дека оваа земја е способна за големи победи и дека треба да се стави крај на неспособноста, нестручноста и тонењето надолу. Потребно е општествено рестартирање и обединување на сите прогресивни сили за обезбедување на сонот на подобра Македонија. Тоа е можно и тоа зависи од секој нас. Уште еднаш за многу години Богојавление, мир и радост во срцата и душите на сите верници, и успех и среќа во домовите. Бог се јави!, се наведува во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

- Advertisements -

Поврзани новости