Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат 359 пациенти

by Fokus

Во ковид центрите во болниците во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 359 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат и на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620, а има 621 празен болнички кревет во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во болницата во Штип се лекуваат 27 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид и во Прилеп има по 40 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани три, во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија седум лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот, наведуваат од Министерството за здравство посочувајќи дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

-Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, наведуваат здравствените власти.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости