Мицкоски: Трите закони за даноците се допонителен товар за граѓаните

by Fokus

Трите закони со кои треба да се направи даночна реформа според претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доплонително ќе ги оптовари граѓаните кои се лојални на државата и дека тие не се за борба против сивата економија. 

“Тие закони кои што планира владата на ДУИ поддржана од СДСМ да ги протне шверцерски повторно со злоупотреба на европско знаме во рамките на Парламентот се практично закони коишто имаат за цел тие коишто и денеска се лојални граѓани и коишто денеска си ги исполнуваат обврските кон државата, дополнително да ги натовари со дополнителни давачки“, рече Мицкоски. 

Со измени и дополнувања се менуваат  Законот за персонален данок и Законот за додадена вредност, а со носи и  Закон за солидарност кои Владата ги испраќа во собраниска процедура со европско знаменце, откако претходно беоа повлечени на доработка.

„Не преставува борба со сивата економија и не преставува борба против оние кои што и денеска не се лојални и не ги плаќаат давачките кон буџетот, туку преставува дополнителен товар на оние што се лојални на Македонија и коишто и сега си ги исполнуваат своите обврски кон Македонија. Тоа уште еднашка покажува каква влада имаме. Влада којашто за едни е мајка, а за други и маќеа. Тој кој што е лојален граѓанин прави грешка затоа што е лојален, а тој којшто не е лојален и којшто ја краде Македонија, практично прави добри работи. Ете така ги двои оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ граѓаните во Македонија“, изјави Мицкоски. 

Поврзани новости